Сите топли парчиња за вашите најмили во кои нема да се грижат за студот!
БЛОГ

Сите топли парчиња за вашите најмили во кои нема да се грижат за студот!

13.01.2021.

 

 

Се чини конечно на прагот е вистинска зима со ниски температури какви што и доликуваат за ова време од годината, но тоа не значи ограничување на играта на најмилите, туку напротив, избор на топла облека за среќни денови во природа.

Доколку сè уште не успеавте на вашите дечиња да им ги набавите сите топли џемперчиња, јакни и чизми во кои ќе уживаат секој ден на училиште, градинка или пак едноставно, надвор, омилениот бренд Okaidi веќе извесно време има намалување до -50%.

Кралица на сите зимски комбинации е дефинитивно топлата јакна, па само сега, ќе ги добиете најубавите модели за момчиња и девојчиња по неверојатни цени, а во истите, најслатките ќе уживаат во текот на целата зимска сезона.

Кога е слоевитото облекување во прашање, задолжително треба да им посветите внимание и на материјалите што ги одбирате за вашите дечиња, но и да внимавате никогаш да не ги облекувате многу бидејќи тоа може да има контра ефект.

Запомнете дека дечињата секогаш сакаат да си играат и најчесто се во движење, па така, лесното џемперче со топла јакна, ракавици и шалче би била идеалната комбинација за секоја пригода.

Секако, доколку говориме за престој на планина, скафандерите се најдобра варијанта без разлика дали се работи за поголемо детенце или мало бебе.

Можеби најважно од сè на минусните температури е на најмалите добро да им се заштити главчето со внимателно одбрана капа, а сериозно внимание треба да им посветите и на обувките, кои се подеднакво важни, можеби и најважни во целата комбинација.

Во актуелната понуда на Okaidi, родителите ќе ги најдат сите топли парчиња што им се потребни да ги заштитат децата од студот, а сепак, да поминат квалитетно време надвор што е од исклучително значење.

Голем дел од парчињата на брендот се избработени од органски памук, па воопшто не треба да се грижите дали вашето малечко ќе се чувствува удобно во парчето што ќе му го одберете, бидејќи тоа е и повеќе од сигурно.

Не заборавајте дека покрај стилските зимски парчиња, на намалување е дел и од летната колекција на брендот, па така, нема да погрешите ако сега им набавите тенки пижами, блузички на долги или кратки ракави, но и тренерчиња и хеланки во кои ќе уживаат во пролетните денови.

Целата понуда на намалување ја гледате на следниов линк, а подеднакво прекрасни се и новите парчиња на брендот на кои родителите тешко ќе им одолеат!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

Моментално нема коментари

Слични статии

20.
Feb.
2023.
БЛОГ
Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за си...
15.
Dec.
2022.
БЛОГ
За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња см...
30.
Aug.
2022.
БЛОГ
Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди...