Први април – Ништо не е поважно од имагинацијата на децата!
БЛОГ

Први април – Ништо не е поважно од имагинацијата на децата!

01.04.2021.

 

 

Верувам дека за секој родител, насмевката на детето е секогаш она најважното – зад неа се крие сето задоволство што ќе го видите предизвикано од малите нешта.

Токму денеска е тој ден кога без компромиси, треба да им ја дадете сета слобода што ја заслужуваат и да им ги исполните сите желби кога е нивната имагинација во прашање.

Иако тоа треба да биде случај секој ден, слободата во облекувањето денеска нека биде на највисоко можно ниво. Први април отсекогаш важи за ден кога сите сакаме да изгледаме поинаку од сите останати и да си ги исполниме желбите во однос на изгледот кои долго тлееле во нас.

А ваквите желби на најмалите се дефинитивно нескротиливи и секогаш, неисцрпна инспирација. Ако сè уште не го почнавте денот и немате маска за вашето малечко, без двоумење отворете му го плакарот и дозволете му тоа самото да ја одбере комбинацијата на парчиња за која копнееше денови наназад.

Потоа, разбудете ја вашата креативност и без проблем, надополнете му го изгледот со нешто за што знаете дека ќе се радува. Разговарајте за неговиот омилен измислен лик и како тој изгледа во неговото креативно главче и заедно, направете ја маската која кај него ќе предизвика дополнителна доза на самодоверба и насмевка во текот на целиот ден.

Она што е најважно, а секој родител треба да го знае, е дека ограничувањето на креативните умови на нивните дечиња е нешто најлошо што може да го направи, особено во првите години од животот. Така, не обидувајте се да ја спречите вашата ќерка ако сака да биде како нејзината омилена принцеза, бидејќи сите други ја носат истата маска, ниту пак вашето момченце ако сака да биде храбриот Спајдермен, иако улиците години наназад на први април се полни со слатки мали херои.

Светот само може да има придобивки од овие ликови, а во ниту еден момент, недостатоци. Денеска е денот кога на вашето малечко треба да му го дадете сето внимание, бидејќи конечно, од дома ќе излезе токму онака како што се замислува себеси секој ден – храбро и полно самодоверба без да му ги „скратите крилјата“.

Понекогаш, не е лошо и во некој друг, сосема обичен ден, да ги оставите сами да си ја одберат комбинацијата, бидејќи верувајте, ќе се чувствуваат погорди на себе од кога и да е.

Токму во новата колекција на омилениот бренд на најмалите, Окаиди, има толку многу колоритни и неодоливи парчиња на кои вашите дечиња со сигурност ќе им се израдуваат. Заеднички, направете безброј комбинации со тоа што овојпат, ќе им дозволите сами да бираат, а вашата креативност дополнително ќе им помогне да ја истакнат истата.

Сите парчиња од колекцијата на брендот можете да ги најдете во продавниците на брендот, како и онлајн на www.okaidi.com.mk.

Моментално нема коментари

Слични статии

20.
Feb.
2023.
БЛОГ
Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за си...
15.
Dec.
2022.
БЛОГ
За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња см...
30.
Aug.
2022.
БЛОГ
Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди...