Пристигнаа празничните парчиња во Okaidi!
БЛОГ

Пристигнаа празничните парчиња во Okaidi!

30.11.2021.

 

Веројатно токму децата најмногу се радуваат на празничната сезона која е пред нас, па секогаш најголемото внимание им го посветуваме на нив и остварување на сета онаа магија која тие ја очекуваат.

Омилениот детски бренд Okaidi веќе ја промовираше новата колекција целосно посветена на празниците, а повеќе од сигурни сме дека вашите дечиња ќе ја обожаваат.

Станува збор за неодолива колекција полна парчиња што на најдобар можен начин ги отсликуваат празничните денови што доаѓаат, а кои секогаш потсетуваат на радост и позитивна енергија.

Сосема очекувано, боите на парчињата од колекцијата се целосно посветени на новогодишната магија, па така ќе најдете топли џемперчиња во темно сина боја, пижами во бела и крем нијанса, фустанчиња во впечатлива црвена боја, но и супер топли обувки за секој исполнет ден во снегот.

Секое едно парче од колекцијата е изработено од совршено меки материјали за вистинско уживање на вашите најмили, а во исто време се толку удобни и совршени за секоја игра на дечињата.

Колекцијата доаѓа токму навреме за да ја одберете совршената комбинација за сите празнични прошетки и фотографирања со вашите дечиња, но и за избор на најубавите подароци за оние кои секогаш најмногу се радуваат.

Не двоумете се и уште денес погледнете ја разиграната колекција на Okaidi во продавниците на брендот, но и онлајн, и заедно со најмилите, одберете ги сите оние парчиња што им недостасуваа за совршено топла зима.

Знаеме дека ќе ви биде тешко да одолеете на неверојатниот избор, па ние направивме мала селекција на некои од највпечатливите парчиња за супер шопинг овој вторник!

 

Моментално нема коментари

Слични статии

20.
Feb.
2023.
БЛОГ
Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за си...
15.
Dec.
2022.
БЛОГ
За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња см...
30.
Aug.
2022.
БЛОГ
Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди...