За нас

Okaidi.com.mk е дел од групацијата Fashion Group која е ексклузивен застапник на повеќе од 25 интернационални модни брендови. 

Почетоците на Fashion Group датираат од 1994 година. По отворањето на првите брендови во Скопје, експанзијата во однос на нови брендови и продажни места е постојана. Во моментов функционираат 28 продавници во најголемите трговски центри и фреквентни пешачки зони во Скопје, Куманово, Тетово и Битола, а групацијата вработува повеќе од 250 професионалци,  кои се посветени да го понудат најдоброто за секој купувач.

 

OKAIDI КРЕАТИВЕН, УНИВЕРЗАЛЕН И ОДГОВОРЕН БРЕНД

Okaïdi нуди универзални, модерни и достапни колекции. Преку дизајнирање на колекции кои се лесни за комбинирање, Okaïdi ги открива вкусовите и идентитетот на секое дете.

Брендот Okaïdi е посветен на пристапот кон еко-дизајн и со тоа помага за зачувување на планетата.

Okaïdi се залага за правата на децата ширум светот, ангажирајќи преку фондацијата 'ÏDKIDS Foundation', како и преку соработка со организации кои ги ставаат децата, образованието, вредностите на мирот и почитта во срцето на нивните проекти.

 

OBAIBI КОРИСЕН, УНИВЕРЗАЛЕН И ОДГОВОРЕН БРЕНД

Obaibi креира лесни, естетски и практични производи што се прилагодуваат на секојдневниот живот на детето и на новите потреби на родителите. Брендот Obaibi има ергономски производи за благосостојба на бебиња од 0 до 3 години и нуди производи за деца за сите моменти од животот од раѓањето до првите настани.

Три основни бенефити за децата:

  • Емоционална безбедност: внимателно одбраните детали им овоможуваат на децата да се чувствуваат безбедно и со самодоверба да учат нови нешта.
  • Слободно движење: кога децата можат слободно да се движат, тие имаат чуство на исполнетост и имаат можност да се изразат себе си.
  • Самопочитување: децата креираат самодоверба кога пробуваат нови нешта и успеваат сами. Облеката треба да ги поддржува нивните можности да пробуваат нови нешта и да учат.

 

ЗАШТО СМЕ УНИКАТНИ?

 

  • Практични производи: прилагодливи, лесни за носење, лесни за перење
  • Ергономски производи: удобни, со ликра
  • Технолошки: креирани со иновации (терморегулативни, повеќе издржливи)
  • Економични продукти: достапни во однос цена и вредност за производот
  • Еколошки: органски памук, рециклиран полиестер
  • Едукативни: пораки кои презентираат вредности (заштита на околината и планетата)