Што сè му треба на Вашето новороденче за првите денови?
БЛОГ

Што сè му треба на Вашето новороденче за првите денови?

11.02.2021.

 

 

Речиси и да нема ништо поубаво од возбудата со која се полни домот кога во него конечно ќе го донесеме нашето новороденче, на кое допрва треба да му ги покажеме сите убавини во светот.

Можеби малку поголема е возбудата со која се соочуваме пред неговото раѓањето, односно во последните месеци од бременоста кога сакаме сè да подготвиме како што треба, па многу често, купуваме работи за кои не сме свесни дека не ни се потребни.

Пред да тргнете на купување на основните работи за бебето, треба да направите добар план, сè со цел да не се изгубите во најубавите продавници за дечиња, кои секогаш имаат некоја посебна магија во себе.

Покрај основните и поголеми работи без кои нормално, не може да функционирате, како количка, креветче и сè друго од овој тип, од големо значење е облеката за првите денови и месеци од животот на новороденчето за која знаете дека мора да биде неодоливо мека.

Ако порано парчињата од органски памук беа речиси и недостапни кога говориме за цените, сега, истите се подостапни од кога и да е, почнувајќи од големиот број модели што се нудат, па сè до исклучителните цени на кои знаеме дека ќе се израдувате.

Новата колекција на брендот кој секогаш толку многу се грижи за децата – Окаиди, е полна токму со вакви парчиња, кои не само што се меки и ултра шармантни, истите се и неодоливо слатки, па знаеме дека веднаш ќе ги ставите на листата парчиња што му се потребни на вашето бебе.

За да ви ја олесниме потрагата по првичните производи без кои дефинитивно не можете на почетокот, денеска направивме една листа со парчиња токму од органски памук, но и со други изработени од извонредни материјали, толку удобни и нежни и совршени за одржување.

Прво нешто што треба да се најде на вашиот список се дефинитивно слатките бебешки комбинезони кои оваа сезона доаѓаат изработени од најубавите материјали, во уште поубави бои и дезени. Подеднакво значајни се и нежните блузички на долги ракави кои имаат совршено закопчување за облекувањето да помине незабележително, но и оние меки панталончиња кои им ја даваат сета слобода на новороденчињата.

Зависно од времето, скафандерите и вреќите за спиење се нешто во што исто така треба да инвестирате, особено доколку вашето бебе е родено во текот на студените зимски месеци. Соодветно на ова, апсолутно потребни ќе ви бидат и додатоците како капа, шалче и ракавици, кои мора да се изработени од добар материјал за да не се иритира кожата на бебето кое штотуку го запознава светот и временските услови.

На списокот задолжително додајте и мала топла прекривка која ќе ви заврши голема работа и во домот, но и за прошетките надвор, како и бањарка која во првите денови се чини дека најмногу ќе ја употребувате.

Од големо значење се и топлите додатоци како памучната капа за по дома, но и чорапчињата без кои не може ниту едно новороденче. За нешто подоцна, почнувајќи од оние моменти кога вашите најмили ќе почнат да се запознаваат со храната, па и млекото претходно, на списокот додајте и неколку чифта лигавчиња што ќе ви бидат најпотребни во тој период.

Како и секогаш, ние сме тука да ви ја олесниме потрагата по совршените парчиња, па ако сте од оние кои уживаат во последните месеци од бременоста во својот дом, со само еден клик на парчињата истите можете да ги нарачате, или пак да го искористите денот и да ги посетите продавниците на Окаиди во Рамстор, Сити Мол и Куманово.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

Моментално нема коментари

Слични статии

20.
Feb.
2023.
БЛОГ
Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за си...
15.
Dec.
2022.
БЛОГ
За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња см...
30.
Aug.
2022.
БЛОГ
Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди...