Пребарај го сајтот
0
Кошничка
Okaidi ги има најслатките парчиња за празниците!
БЛОГ

15. December

Okaidi ги има најслатките парчиња за празниците!

 

Во пресрет на најубавите денови од годината, повеќе од сигурни сме дека токму најмалите се оние кои најмногу се радуваат на празничната сезона.

 

За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња сместени во една, неодолива колекција.

Целосно инспирирана од магијата на празниците, колекцијата се состои од мноштво модели изработени од најубавите материјали совршени за сите среќни мигови на најмалите.

Во колекцијата малите принцези ќе ги пронајдат најубавите фустанчиња во новогодишни бои, дополнително збогатени со детали како тул, плисе, светки, крзно и што уште не.

За слатките момчиња пак, дизајнерите на брендот подготвија кошулки во впечатливи бои, дуксери за нивната секојдневна забава, топли пижамки и уште многу други неодоливи парчиња.

Како и секогаш, брендот колекцијата ја збогати со впечатливи модни детали како топли капи и шалчиња, накит и додатоци за коса за принцезите, ракавички и мноштво други интересни парчиња.

Палетата на бои, сосема соодветно за празниците се заснова на сите оние нијанси што ги поврзуваме со празниците како црвена, темно зелена, темно сина, зелена, бела и секогаш омилената комбинација на бои преточена во кариран дезен.

Без разлика што и да одберете од шармантните креации, бидете сигурни дека вашите најмили ќе го добијат најдоброто, а од истата можете да ги одберете и подароците за вашите најблиски со кои со сигурност нема да погрешите.

 

 

 

 

 

Povezani članci

Во Okaidi пристигна нова колекција совршена за пролетните денови

Во Okaidi пристигна нова колекција совршена за пролетните денови

Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за сите безгрижни денови на вашите најмили.

Подетално
Okaidi Back to School: Супер подароци и попусти за среќен почеток!

Okaidi Back to School: Супер подароци и попусти за среќен почеток!

Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди бројни попусти, игри и изненадувања.

Направи онлајн нарачки и добиј 2.000 денари ваучер од Окаиди!

Направи онлајн нарачки и добиј 2.000 денари ваучер од Окаиди!

Со цел да ви се заблагодариме за вашата лојалност, само за вас, креиравме промотивна лојалти кампања со која во периодот од 15.07 до 15.08 сите оние кои ќе направат онлајн нарачки во вредност од 10.000 денари, добиваат на подарок ваучер од 2.000 денари во наредниот месец.