Оваа пролет Окаиди ги има најстилските парчиња за најмилите!
БЛОГ

Оваа пролет Окаиди ги има најстилските парчиња за најмилите!

04.03.2021.

 

 

Веројатно и вие со вашите најмили максимално ги искористувате првите сончеви зраци за прошетка во природа како една од најдобрите активности во последнава година на која како сите да и се вративме.

Нема ништо поубаво од викенд поминат со вашето малечко додека го гледате како ужива во првите денови од пролетта која секогаш носи толку многу приказни со себе.

Веруваме дека и вие сте од оние кои мислат дека дечињата им растат преку ноќ, па како секогаш да им недостасува парче облека плус, особено за време на промената на сезоните.

Постои еден бренд кој обожува на родителите да им ја олеснува потрагата по совршени парчиња за секој нов ден, а во кои децата секогаш се чувствуваат удобни и подготвени за целодневна игра.

Секогаш фантастичните Окаиди и оваа сезона понудија нова пролетна колекција полна весели парчиња, направени од најубавите материјали за вашите дечиња.

Очекувано, и овојпат колекцијата е полна маички и блузички соодветни за топлите пролетни денови, а истите повторно зрачат со позитивна енергија благоарение на веселите пораки и принтови со омилените животни на најмалите.

За најмалите пак што се вљубени во интензивните бои, дизајнерите на брендот и овојпат создадоа фустанчиња за малите принцези во јака сина и розова боја, црвени и жолти пролетни маички на куси ракави за момчињата и ултра удобни пастелни пижами за слатките бебиња.

Она што на секое детенце му треба во овој преоден период од годината се тенките јакни што ќе ги заштитат од пролетниот ветер, но и тенки блузички на долги ракави, како и совршено меки хулахопки за сите стајлинзи на младите дами и меки чорапчиња за момчињата.

Одберете ги вашите фаворити и посетете ги продавниците на Окаиди или уживајте во друштвото на вашите најмили и заеднички направете онлајн нарачка.

Моментално нема коментари

Слични статии

20.
Feb.
2023.
БЛОГ
Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за си...
15.
Dec.
2022.
БЛОГ
За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња см...
30.
Aug.
2022.
БЛОГ
Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди...