Пребарај го сајтот
0
Кошничка
Конечно распуст: Лежерни комбинации за долго и топло лето!
БЛОГ

10. June

Конечно распуст: Лежерни комбинации за долго и топло лето!

 

 

Дали денеска е најубавиот ден од годината? Се разбира, па денеска е крајот на училишната година и конечно, време за уживање во долгото и топло лето!

Веројатно како и сите други, и вашите најмили едвај го чекаа овој ден за конечно да се впуштат во сите авантури за кои толку долго размислуваа.

Откако ги смислија сите можни игри во кои ќе уживаат со нивните другарчиња, на вас останува да им обезбедите супер удобна облека што нема да ги спречи во ниту една намера.

Новата колекција на омилениот бренд на децата и родителите оваа топла сезона нуди неодоливи парчиња изработени од најубавите материјали што и дозволуваат на детската кожа да дише и им овозможува возбудлива игра преку целиот ден.

Одберете од мноштвото бермуди за вашите слатки момчиња кои комбинирани со памучна маичка на куси ракави се совршени за било која пригода.

Подеднакво удобни и омилени за игра се и фустанчињата за малите принцези кои се љубов на прв поглед, а соодветни и за играта пред зграда, но и за роденденот на најдоброто другарче што секогаш знае да биде толку многу забавен.

Доколку веќе размислувате каде ќе го поминете годишниот одмор со вашите најмили, во новата колекција на Окаиди има исклучителни модели на костими за капење кои се сушат неверојатно брзо, а се толку слатки што вашите дечиња ќе ги обожаваат.

Задолжителна за летната сезона е заштитата од сонцето која треба да биде примарна во секој момент, па така, при посетата на нашите продавници или нарачката онлајн не заборавајте да им одберете очила за сонце и шапка кои заедно со кремата за сонце се задолжителни секое лето.

Сосема на крајот, она што е најважно, е да им дозволите на најмилите безрезервно да уживаат во детската игра и летниот распуст да им биде токму онаков каков што тие го замислија, без ниту една грижа и полн радост и смеа!

Povezani članci

Во Okaidi пристигна нова колекција совршена за пролетните денови

Во Okaidi пристигна нова колекција совршена за пролетните денови

Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за сите безгрижни денови на вашите најмили.

Подетално
Okaidi ги има најслатките парчиња за празниците!

Okaidi ги има најслатките парчиња за празниците!

За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња сместени во една, неодолива колекција.

Подетално
Okaidi Back to School: Супер подароци и попусти за среќен почеток!

Okaidi Back to School: Супер подароци и попусти за среќен почеток!

Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди бројни попусти, игри и изненадувања.