„Ова се нашите деца“
БЛОГ

„Ова се нашите деца“

21.07.2021.

 

Речиси и да не помине ден во канцеларија, а со колегите да не разговараме за некоја од „лудориите“ на нашите деца. Иако има и многу други, тоа се дефинитивно оние моменти кога на сите им се гледа искрена насмевка на лицата, па веднаш сфаќаш што значат децата во животот.

Сакајќи овие разговори да ги изнесеме и надвор од канцеларија, решивме да направиме заедничка дружба на која нашите најмили би се запознале и тоа би било нешто специјално за паметење. Разговорот се разви до тој степен што ова ни се чинеше како нешто што треба да се овековечи, како нешто што треба да остане запаметено како кампања за Окаиди, како дружба во која најмногу сакаме да уживаат нашите деца.

На вистински летен ден, дружењето започна и подобро одошто очекувавме. Облечени во исклучително удобни и внимателно одбрани парчиња од новата колекција на Окаиди, тие неколку часа беа вистински доказ колку на децата им е потребна безгрижна игра и од колкаво значење е постојано да им се отвараат нови хоризонти.

Сакајќи преку кампањата да разговараме за важни прашања поврзани со нашите најмили, поврзани со она што за нив значи безгрижно детство, поврзани со она како ние како родители сакаме да им го претставиме светот, дојдовме до заклучок дека тие секогаш имаат толку многу да кажат и дека единствено што треба е да ги слушаме.

*Прва комбинација: Фустан, сандали, чанта *Втора комбинација: Маичка, бермуди, сандали, капа

Токму ова се вредностите кон кои се стреми брендот Окаиди, надополнети со овозможување на добри услови за живот, секогаш потенцирајќи ја важноста на самостојноста и истакнувањето на нивниот вистински идентитет.

За тоа како вработените во Fashion Group чии деца имавме чест да се дел од оваа кампања ги доживуваат вредностите на брендот, за тоа како тие сакаат да им го претстават светот на нивните најмили читате низ најкул написот што ќе го видите денеска.

*Женска комбинација: Фустан, сандали, очила *Машка комбинација: Кошула, бермуди, сандали

Речиси сите се согласија дека најважно при изборот на облека во овие летни денови е материјалот да биде ултра нежен, моделите полесни од кога и да е, а боите ултра светли за нивните најмили совршено да можат да уживаат во денот без да размислуваат на облеката.

Она што особено нè интересираше, а беше од особено значење за фокусот на самата кампања, е тоа колку родителите им дозволуваат на децата сами да си ги одберат комбинациите, како клучно прашање при откривањето на нивниот идентитет и оформувањето на карактерот.

*Поло маичка, бермуди, сандали

„Секако дека им дозволувам. Тие се пресреќни кога можат сами да одлучуваат и притоа на крај секогаш прашуваат „Мамо дали е добро вака или треба поинаку?“. На овој начин, им дозволувате да ја истакнат нивната имагинација и креативност“, вели Александра Саздовска, а истото мислење го дели и Александра Стојановиќ која вели: „Сметам дека тоа е едно исклучително важно прашање за формирање на карактерот на детето, односно за тоа да знае дека има контрола над нештата. Тоа е исто како кога му дозволувате да јаде само, да се облекува само, да оди во тоалет и сл“.

Со родителите на овие мали ѕвезди разговаравме и за тоа на кој начин тие ги охрабруваат своите деца да бидат самостојни и секогаш да го кажуваат своето мислење, Александар Трпушевски вели:

„Многу е важно да се разговара со децата, постојано да им давате мали, но значајни обврски со кои ќе им ја зголемите самодовербата“, а на истото се надоврзува и Весна Тасевска која додава дека токму разговорот со децата е можеби и најважен, па токму преку извршување на секојдневните обврски тие си го кажуваат нивното мислење дали нешто им се допаѓа или не.

*Прва комбинација: Бермуди, поло маичка  Втора комбинација: Здолниште, маичка  Трета комбинација: Маичка, здолниште Четврта комбинација: Маичка, здолниште  Петта комбинација: Кошула 

Не можевме, а да не ја искористиме можноста со вработените да поразговараме и за тоа како тие сакаат да им го претстават светот на нивните најмили, особено во време на ваква пандемија кога мора да се обидеме да останеме на позитивната страна од животот.

„Светот е полн со предизвици и прекрасни работи што чекаат само на нив. Пат што ќе мора да го поминат и нагоре и надолу, но секогаш да останат храбри и единствени во нивните одлуки“, вели Александра Саздовска.

-„Се обидувам светот на моите деца да им го претставам како едно големо место со многу можности, како едно општество во кое секој на секому му помага и во кое апсолутно треба да се насочиме кон потврда на франшизата дека сите деца се еднакви“, вели Кристијан Кирјас.

Во однос на тоа каков пример тие сакаат да бидат за нивните деца, Весна вели дека од клучно значење е да ги почитувате сите, за и вашите најмили да научат да го прават тоа, да им ги претставите можностите за здрави навики во животот, да ги научите правилно да одлучат што е добро, а што лошо...

„Секогаш се трудам да бидам добар пример за мојата ќерка, но не и по цена да се воздржувам од моите чувства во некои моменти. Таа треба да знае дека секој човек има добри и лоши денови и дека никогаш не смее да ги крие чувствата. Токму тоа е една од најважните лекции што сакам да ги научи“, појаснува Александра Стојановиќ.

Со оглед на тоа што знаете дека Окаиди долги години се стреми на секој начин да помогне во зачувување на Планетата, особено се насочува кон важноста на рециклирањето и целосно се посветени на изработката на парчиња од органски материјали, последно, разговаравме и на темата што освен „Не фрлај ѓубре на улица“, правиме за да ги научиме децата да се грижат за единственото место што го имаат за живеење.

„Покрај основното што го спомнавме, се обидувам во секој момент да им укажам на важноста на садењето дрвца и други растенија и што сè можеме да добиеме со тоа“, вели Кристијан Кирјас, на што се надоврзува и Александра Саздовска која додава дека постојано им посочува на важноста од селектирањето отпад, но и на тоа колку е значајно да ги знаат последиците од постапките, за да научат понатаму во животот повеќе да не ги повторуваат истите постапки.

*Прва комбинација: Маичка, комбинезон, чанта  *Втора комбинација: Бермуди, маичка, сандали  

Оваа среда е како создадена да размислите на она што ги прави вашите деца среќни, на тоа колку е важно да ги повторувате тие работи барем неколку пати месечно, да поминувате што е можно повеќе време заедно бидејќи тие растат исклучително брзо.

Сосема на крај, а што е поважно од ова? Токму Окаиди секогаш се стреми да ги направи децата среќни, а кога добро ќе размислите, за среќа треба многу малку!

Реализација и организација: Fashion Group

Комбинации: Okaidi  

Локација: Leaf Cafe 

Фотограф: Бојан Стоилковски

Остави коментар

Моментално нема коментари

Слични статии

01.
Sep.
2021.
БЛОГ
Постои ли поубав ден од 1-ви септември? Веројатно не! Секој од нас се сеќава на првиот училишен ден и колку беше голема возбудата што истиот ја носеше со себ...
25.
Jun.
2021.
БЛОГ
Веројатно доколку имате ќерка, ја знаете љубовта што тие ја имаат кон фустаните во секое доба од годината. Но, се чини летото е најдобро можно време за тие с...
10.
Jun.
2021.
БЛОГ
Дали денеска е најубавиот ден од годината? Се разбира, па денеска е крајот на училишната година и конечно, време за уживање во долгото и топло лето!
19.
Apr.
2021.
БЛОГ
За тоа колкави ќе бидат последиците од пандемијата по менталното здравје на децата и како истите ќе влијаат на нивниот понатамошен живот, разговаравме со док...
01.
Apr.
2021.
БЛОГ
Токму денеска е тој ден кога без компромиси, треба да им ја дадете сета слобода што ја заслужуваат и да им ги исполните сите желби кога е нивната имагинација...
16.
Mar.
2021.
БЛОГ
Откако пред некое време увидов дека комбинациите што јас ги правев за мојата четиригодишна ќерка, очигледно не и се допаѓаат, решив една недела таа самата да...
04.
Mar.
2021.
БЛОГ
Секогаш фантастичните Окаиди и оваа сезона понудија нова пролетна колекција полна весели парчиња, направени од најубавите материјали за вашите дечиња.
11.
Feb.
2021.
БЛОГ
Новата колекција на брендот кој секогаш толку многу се грижи за децата – Окаиди, е полна токму со вакви парчиња, кои не само што се меки и ултра шарман...
28.
Jan.
2021.
БЛОГ
Како и секогаш, изработени од најквалитетните и најудобни материјали, новите парчиња на Окаиди се љубов на прв поглед, полни позитивни пораки, впечатливи и н...
13.
Jan.
2021.
БЛОГ
Доколку сè уште не успеавте на вашите дечиња да им ги набавите сите топли џемперчиња, јакни и чизми во кои ќе уживаат секој ден на училиште, градинка ...